Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Тетово: Со автомобил удрил и повредил тројца тинејџери, неговата сопатничка нападнала полицаец

На 01.09.2019 во 03:35 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, пред угостителски објект, С.Ј. (26) од Тетово со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал.

Тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди.

Во 04.45 часот С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени од полициски службеници на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ и приведени.

При приведувањето А.М., која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКИТЕ ЗА „ЛАСКАРЦИ“ И МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ГИ ФРУСТРИРААТ ГРАЃАНИТЕ – Мицкоски со остри критики

ДЕСК

БРИСЕЛ СО КРИТИКИ, МИЦКОСКИ СО СПРОТИВЕН СТАВ – Нов спор за Кривичниот законик

ДЕСК

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК