Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Јасно се гледа поврзаноста на Зоран Заев со Боки 13

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение тврди дека е видлива поврзаноста на премиерот Зоран Заев со осомничениот Бојан Јовановски и нивната координираност во собирањето рекет.

Втор пат по ред, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се потврдува дека Зоран Заев бил во тек со сѐ.

„Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска која се очекува повторно да негира дека бил споменат и да ги прикрива трагите што водат кон него. Зоран Заев од ден во ден сѐ повеќе тоне. Во Република Македонија единствено блескаат криминалот, рекетот и изневерените очекувања. Власта наместо да се бори против криминалот, го штити. 4 месеци се развлекува истрагата за случајот Рекет. ЈО ги затвори само директните извршители, а за главата на октоподот сѐ уште нема ни истрага“, нагласува опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека бизнисмените се рекетирани, работниците се измачувани и наместо развој имаме само стагнација. Според ВМРО-ДПМНЕ, времето на оваа власт проаѓа и неопходно е одржување на предвремени избори.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК