4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Шест правила кои морате да ги следите ако сакате да имате пари и да живеете во изобилство

Според Фенг шуи правилата, ако ги поставите работите во својот дом или во канцеларијата на одреден начин, ќе создадете услови за непрекинато струење на животна енергија, ќе обезбедите поголем прилив на пари и благосостојба.

Ова се шест важни Фенг шуи совети кои би требало да ги следите ако сакате поголема заработка.

Нема ништо да изгубите ако ги почитувате, а можете многу да добиете, тврдат стручњаците за Фенг шуи.

Поправете се што тече

Според Фенг шуи, водата претставува две работи: пари и емоции. Станува збор за протокот. Ако имате славина која тече или кров кој прокиснува, поправете ги веднаш! Кога ќе порпавите нешто во својот дом, тоа го поправате и во својот живот. Не сакате вашите пари да течат надвор, зар не? Водата тече, а парите и емоциите се вид енергија која, како и водата, има свој ток.

Ставајте го поклопот на ВЦ школката

Купатилото е голем „потрошувач“ на позитивната енергија. Водата од славината ја носи во одвод, а енергијата ја троши и пуштањето вода во школката. Како би избегнале непотребна потрошувачка на енергија, спуштајте го поклопот на школката, особено кога пуштате вода. Би било добро на цевката зад школката да врзите црвена трака, која, според верувањата, ќе ги заштити вашите финансии.

Влезна врата

Важно е влезната врата да зрачи со добредојде. Отстранете ги сите работи како ѓубре или стари чевли бидејќи тоа го попречува патот на позитивната енергија во вашиот дом. Ако ѕвончето ви се расипало, веднаш поправете го, со цел да не пропуштите кога некоја прилика ќе ви заѕвони на врата. Адресата и бројот на куќата мора да бидат јасно видливи, со цел енергијата да го пронајде патот до вашиот дом.

Внимавајте на симболиката

Обратете внимание на се што се наоѓа на влезот од станот или куќата од левата страна. Според старото тибетантско учење, токму тој дел од вашиот дом е повразн со парите. Што се наоѓа тука? Дали работите се уредно наредени или се во нерер? Ако се е нафрлано и неорганизирано, можно е и вашите финансии да се во ист хаос. Ако во тој дел се наоѓа билка која брзо напредува и убаво мириса, така и вашите финансии ќе напредуваат. На ѕидовите поставете слики од дрвја, водопади, едрилици, реки, коњи во трка… Секоја од тие слики привлекува изобилство.

Исчистете го оџакот

Водете сметка секогаш да биде чист оџакот, бидејќи така ќе и отворите пат на енергијата, а со тоа и на заработката.

Работете на сопствената енергија

Позанимавајте се со сопствениот однос кон парите. Mожеби од детство имате искривена слика за парите и богатите луѓе. И можеби е време да го промените мислењето. Гледајте ги парите како награда за добро дело, интелигенција и залагање за другите. Без оглед на тоа дали сте трошеле, штеделе, добивале или давале пари, секогаш бидете благодарни во животот. Вашиот оптимизам и позитивна енергија ќе делуваат како магнет за привлекување пари.