Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија воспостави дипломатски односи со Кипар

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Кипар, Никола Димитров и Никос Христодулидис, денеска го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Како што соопштија од МНР, со воспоставувањето на дипломатските односи, се отвораат можностите за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа и продлабочување на економската, културната и сите други видови соработка меѓу двете земји.

„Со овој чин, го официјализираме пријателството со уште еден сојузник во семејството европски држави, со кој активно ќе соработуваме на исполнување на европската агенда. Денес означуваме ново поглавје во билатералните односи и отвораме врата за плодна соработка, пријателство и просперитет“, рече Димитров.

Протоколот беше потпишан во Хелсинки, во рамки на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.

МАКЕДОНИЈА

Почина новинарот Марјан Блажевски

ДЕСК

Почина македонскиот новинар Марјан Блажевски, по кратко боледување на 51. годишна возраст.

Најголемиот дел од својата професионална кариера ја помина во дневниот весник „Дневник“, а потоа беше соработник на порталот Фактор.

Нека почива во мир.

error: Соддржината е заштитена.