Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Истрагата за „Рекет“ ќе се шири, се стега обрачот и околу други осомничени

Непосредно по заминувањето со пленот од еден милион евра, еден од осомничените само за неколку дена во странство потрошил околу 180.000 евра. Се стега обрачот и околу други осомничени, објави Дојче Веле.

Како што дознава ДВ, можно е наскоро и други лица да бидат опфатени во истрагата што се води за случајот „Рекет“. Наводно, станува збор за соработници на еден од осомничените, а чии имиња биле посочени во некои од досегашните сведочења за случајот.

Засега нема одговор дали ова е можеби поврзано со исказот што пред една недела го дала пензионерката Лилјана Тодоровска, чија авторска идеја за изградба на Европски комплекс за возрасни лица била пласирана преку невладината организација „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски. Врз основа на договор со организацијата, на Тодоровска на банкарска сметка ѝ биле префрлени 720.000 евра, кои по подигањето веднаш ѝ биле одземени од лица соработници на Јовановски. Откако случајот „Рекет“ ја извади на виделина и оваа епизода, Тодоровска за медиумите изјавуваше дека е ограбена.

И од исказите на сведоците зависи во колкав обем ќе се шири истрагата за случајот. Обвинителката Вилма Рускоска (по вчерашниот состанок во Советот за јавни обвинители кој расправаше, но за в четвроток ја одложи одлуката дали ќе утврди причина за разрешување на Јанева од функцијата), рече дека сѐ уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знаат каде се, а за дел работат на тоа.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК