Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четворица повредени во сообраќајка во која учествувало и возило на МВР

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што информира полицијата, вчера во 14.43 часот на ул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Б.(23) од Скопје и „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувана од А.М.(39) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Д.Б. и уште еден сопатник од „голфот“ и двајца сопатници од возилото „киа“ на кои им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПАРИ ЗА ОВЦИ – БЕЗ ОВЦИ: 5.000 евра исчезнале во измама

ДЕСК

Нов импулс за соработка: Собраниска делегација на средби во Хрватскиот сабор

ДЕСК

Тошковски со високи претставници на американските безбедносни служби: Интензивирана соработка меѓу МВР и американските безбедносни институции

ДЕСК