Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четворица повредени во сообраќајка во која учествувало и возило на МВР

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што информира полицијата, вчера во 14.43 часот на ул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Б.(23) од Скопје и „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувана од А.М.(39) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Д.Б. и уште еден сопатник од „голфот“ и двајца сопатници од возилото „киа“ на кои им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ НАЈКРИТИЧЕН: Се очекуваат дожд, грмежи, ветер и можен град

ДЕСК

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК