Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прилепската полиција експресно расчисти насилство, кривична пријава за три лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(23), А.З.(19) и И.Т.(44), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

На 19.08.2019 околу 21.00 часот во угостителски објект во Прилеп пријавените физички го нападнале Б.И.(21) од Прилеп, додека бил заедно со С.Т.(23) од Прилеп, при што му нанеле тешки телесни повреди.

Од судија на претходна постапка на И.Т. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК