Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времен сообраќаен режим на булеварoт Крсте Мисирков

Град Скопје информира дека утре од 8:30 часот до петок до 8:30 часот, поради градежни активности за реконструкција на коловозот на бул. Крсте Мисирков, целосно ќе биде затворена за сообраќај едната насока од булеварот, и тоа од крстосницата со булевар Гоце Делчев кај Судска Палата кон клучката Бит-пазар.

Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи на овој потег, а се очекува за многу краток период, со нанесување на завршниот слој на асфалтот, да биде комплетирана реконструкцијата на булеварот во двете насоки.

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350 метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата во Скопје.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК