7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адвокатот на Јанева: Таа е жртва во „Рекет“ и ќе го докаже тоа

Адвокатот на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева, Стеван Павлески вели дека Jанева е жртва во случајот „Рекет“ и дека тоа ќе го докаже.

Тој во изјава за медиуми рече дека штотуку бил повикан во Кривичниот суд, каде за Јанева се одлучува дали ќе и биде одредена мерката притвор на барање на Јавното обвинителство. Павлески рече дека Јанева вчера во Кривичен била во својство на сведок во случајот „Рекет“.

– Не знам сега ме повикаа , на сите парашања на јавниот обвинител немаше никаков проблеm. Не беа спомнати пари. Сѐ што прашаа за „Рекет“, Јанева кажа. Не смеам да ви одговорам што ја прашуваа, таа коректно соработуваше – рече Павлески.

Според него, хумано би било да и дозволат на Јанева да оди во Гевгелија на погребот на мајка и’.

На прашање дали има судир на интереси оти Павлески е адвокат на еден од обвинетите во случајот на СЈО „Империја“ и на Јанева, адвокатот изјави дека неговиот клиент Цветан Панделевски не е првоосомничен и дека главниот лик е Камчев, а не Панделевски.

– Гледаме една крвожедност на сцена. Младите адвокати сакаат да се истакнат. Имаме докази и доказите беа презентирани. Јанева имаше либерален пристап во однос на притворите и одземањето на патните исправи. Таа е жртва на овој случај и тоа ќе го докаже“, изјави Павлески.