Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стоилковски: Дали постојат инкриминирачки материјали од Костадинов снимени во странство

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски праша кои се мотивите на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за да манипулира со информациите за случајот „Рекет“.

Опозцијата упати неколку прашања, меѓу кои дали постојат фотографии, материјали и тонски записи од Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“.

„Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски? Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство? Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја? Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава? Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари? Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?“, праша Стоилковски.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК