Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Без консултација на нашите експерти проектот за Клинички центар е осуден на неуспех

Од партијата Алијанса за Албанците преку соопштение реагираат на тоа што министерот за здравство, Венко Филпче, денеска упатил покана, како што велат, само до експертите на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во работни групи за изградба на новиот Клинички центар.

Од партијата на Зијадин Села сметаат дека нејзините здравствени експерти се заобиколени од консултациите за капиталниот проект.

„Почитуван министер, новиот Клинички центар нема да биде сопственост само на СДСМ или ВМРО, или пак на било кој друг, туку ќе биде заеднички за секој граѓанин на Република Северна Македонија, без оглед на националноста, религијата или која било друга припадност, сакате вие или не. Вие денес изјавивте ‘заедно да бидеме дел од еден успешен проект’, но со половична покана и елиминирање и заобиколување на Албанците и нивните вистински претставници, Алијансата за Албанците како најголема албанска опозициска партија и така го осудивте на неуспех овој голем капитален проект“, се наведува во партиското соопштение.

Од Алијанса за Албанците воедно упатуваат покана за телевизиски дуел до Филипче и неговиот заменик Асим Муса, кој како што велат, е слика без тон, каде нивните партиски експерти ќе изнесат факти за грешките во чекори кои се прават во здравствениот систем.

Можеби ќе ве интересира

РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Паднал од кров при градежни работи

ДЕСК

Димитријевиќ: Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет

ДЕСК

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

ДЕСК