Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маж кој возел електричен тротинет загина во близина на Париз

Маж кој возел електричен тротинет на автопат во близина на Париз бил удрен од моторциклист, по што починал во петокот вечерта, соопштија пожарникарите.

30-годишниот маж, кој не носел кацига, бил удред од моторцикл кој возел зад него, кусо време по полноќ додека се возел на автопатот А86 југозападно од Париз, изјавил командант на противпожарната служба во Ивелинес.

Не е познато зошто човекот влегол на автопатот, каде тротинетите се забранети.

Жртвата починала веднаш откако болничарите пристигнале додека, мотоциклистот бил во несвест и однесен во болница.

Инцидентот се случил неколку месеци откако 25-годишен маж на електричен тротинет загина во исто така во Париз. Во април пешак беше убиен откако беше удрен од електричен тротинет во централна Франција.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК