4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат казни од полицијата: Дури 70 возачи фатени без возачки дозволи, осум возеле пијани

Во текот на изминатите денови (09, 10 и 11.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 121 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 78 возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол и 70 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Исто така, исклучени од сообраќај биле 63 возила од кои едно возило бидејки било технички неисправно и 62 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,еден возач поради неправилно престројување, осум возачи поради неправилно престигнување,еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 278 мандатни платни налози.