Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се запали возило на патот кон Вевчани

Вчера околу 4 часот на крстосницата од регионалниот пат Дебар-Струга и патот за село Вевчани, настана пожар во патничко моторно возило со охридски регистарски ознаки.

МВР соопшти дека возилото било управувано од Џ. Ш. (33) од селото Лабуништа-Струга.

„Имено, додека Џ. Ш. возел, забележал чад од предниот дел на возилото, по што возачот и патниците излегле надвор од него. Потоа било зафатено со пламен, а интервенирала и противпожарната единица од Струга. Извршен е увид“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК