Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

800 Французи патуваа 22 дена со 17 тони опрема што ќе ја донираат за училиштата на Балканот

Во Крива Паланка денеска ќе пристигнат околу 800 Французи коишто учествуваат на 6. издание на „Еуроп-Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа. Тие одбраа попатно да застанат во Крива Паланка, место познато по своите активности во областа на Франкофонијата во Северна Македонија.

260 екипажи, секој патник во возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема што ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Северна Македонија. Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе најмалку 100 килограми училишна или спортска опрема: училишни торби, тетратки, листови, моливи, топки, играчки… Europ’raid сака да им помогне на многу деца кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови.

Во рамките на оваа активност, амбасадорот ќе оствари средба со градоначалникот на Крива Паланка, господинот Борјанчо Мицевски, со кого ќе разговара за зајакнување на децентрализираната соработка, особено преку овој важен проект на француската солидарност преточен во туристичка активност, како и за развојни проекти на општината (гасификација, зимско спортско одморалиште, органско земјоделство). Во Крива Паланка Франкофонијата и културното наследство, како и потенцијалот на помладите генерации придонесуваат за просперитетна иднина на овој регион, соопшти Амбасадата на Франција во земјава.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК