Centar.mk
МОЗАИК

ПРИКАЗНА ЗА ДВАТА ВОЛЦИ: Кој победува во вас?

Индијанците се познати како хуман народ кој живее во хармонија со природата и животните. Секоја нивна приказна пренесува силна порака. Ниту оваа не е исклучок, а ќе ве натера да размислите.

Еден постар Индијанец на својот внук му ја раскажал следнава приказна:

– Во луѓето се одвива непрекината борба. Тука секогаш се борат два волци. Еден е лош – тој е стравот, гневот, зависта, каењето, огоченоста, лагите… Другиот е добар – тој е радоста, мирот, љубовта, надежта, добрината, сочувството, великодушноста, вистината… – раскажал старецот.

– Кој волк победува, дедо? – го прашал внукот на крајот.

– Оној кој повеќе го храниш – одговорил стариот Индијанец.

Можеби ќе ве интересира

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 НОЕМВРИ 2026 – Близнаците добиваат втора шанса, а Вагите јасен одговор

ДЕСК

Туркије ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

ДЕСК

ГОЛЕМ ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 НОЕМВРИ – Еден знак добива неочекувана шанса, друг ќе мора да донесе тешка одлука

ДЕСК