Centar.mk
МОЗАИК

ПРИКАЗНА ЗА ДВАТА ВОЛЦИ: Кој победува во вас?

Индијанците се познати како хуман народ кој живее во хармонија со природата и животните. Секоја нивна приказна пренесува силна порака. Ниту оваа не е исклучок, а ќе ве натера да размислите.

Еден постар Индијанец на својот внук му ја раскажал следнава приказна:

– Во луѓето се одвива непрекината борба. Тука секогаш се борат два волци. Еден е лош – тој е стравот, гневот, зависта, каењето, огоченоста, лагите… Другиот е добар – тој е радоста, мирот, љубовта, надежта, добрината, сочувството, великодушноста, вистината… – раскажал старецот.

– Кој волк победува, дедо? – го прашал внукот на крајот.

– Оној кој повеќе го храниш – одговорил стариот Индијанец.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 11 април 2026

ДЕСК

Дневен хороскоп за 10 април 2026

ДЕСК

Доаѓаат пари за три хороскопски знаци во втората половина на април – Дали сте еден од нив?

ДЕСК