25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Главното тело за снабдување со електрична енергија во Јоханесбург погодено од хакери

Компанијата одговорна за снабдување со електрична енергија на главниот финаннсиски центар на Јужна Африка, Јоханесбург, во четвртокот изјави дека е погодена од вирус кој ги шифрирал сите нејзини бази на податоци и апликации, како и целата мрежа.

Општинското тело, во сопственост на градот Јоханесбург, рече дека нивната веб-страница е падната и дека корисниците не можат да пристапат до голем број услуги, особено оние за купување електрична енергија и прикачување фактур, а тоа може да влијае на способноста на компанијата да одговори на некои прекини на струја.

„Вирусот ја нападна базата на податоци на City Power како и друг софтвер, што влијае на повеќето наши апликации и мрежи“, се вели во твит на главното тело за снабудување со електрична енергија.

Тие им се извинија на своите корисници во Јоханесбург.

Дел од жителите на Јоханесбург се јавија во локалната радио станица за да се пожалат дека останале без струја како резултат на сајбер нападот.

Вирусот, познат како рансомвер (ransomware) го оневозможува пристапот до компјутерски системи или датотеки додека не се исполни некое барање, најчесто исплата на одредена сума пари.

Компанијата соопшти дека во моментов работи на враќање на сите погодени апликации.