Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Советникот Усеини не може да добива тендери од Општина Охрид

Антикорупциската комисија од Општина Охрид бара да ги раскине сите договори со фирмите што се во сопственост на советникот Нефи Усеини. Причина за одлуката е судирот на интереси, но и повредата на законите.

Од Државната комисија за спречување на корупција, до Општина Охрид е испратен допис со мислење дека ќе настане состојба на судир на интереси доколку општината склучи договор со правно лице каде како сопственик се јавува член на Советот на Општина Охрид, а како управител се јавува член на неговото семејство.

„Советникот во советот на општината има статус на службено лице и извршува јавни овластувања и должности и не може да воспостави деловни односи со правно лице, кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“ се наведува во соопштението на антикорупциска.

Усеини е член на Советот на Општина Охрид, а истовремено, од претпријатијата со кои раководи градот, неговата фирма „Нефи ИК“ добиваше тендери со високи суми пари. За две години, од општинските претпријатија добил 8 тендери, во вредност од над 225 илјади евра. Неговата фирма „Нефи ИК“ склучила 5 договори со ЈП „Охридски комуналец“, 2 со ЈП „Градски гробишта“ и 1 со ЈП „Нискоградба Охрид“.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК