Centar.mk
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

„Нисан“ отпушта повеќе од 10.000 вработени

Јапонскиот производител на автомобилите „Нисан мотор“ планира да отпушти повеќе од 10.000 вработени во своите продажни салони во светот, открил упатен во плановите на управата на компанијата.

Од „Нисан“ не сакаат да коментираат, но се претпоставува дека планот за намалување на бројот на вработените, како и финансиските резултати на компанијата ќе бидат претставени утре.

Планот опфаќа 7 отсто од работната сила на „Нисан“, а отпуштањата би требало да се случат во фабриките во странство со ниски стапки на искористеност.

„Нисан“ во јули прогнозираше 28 процентен пад на годишната оперативна добивка, а заедно со минатогодишниот пад, кој изнесуваше 45 отсто, ја води фирмата на пат кон најслаба заработувачка во 11 години работа.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕЛА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во февруари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.159 денари

ДЕСК

Најбогатиот Украинец купи луксузен стан во Монако за 471 милион евра

C +

Кина ги намали цените на горивата

C +