За да биде уште поблиску до своите клиенти и директно да им обезбеди одговор и поддршка на сите нивни прашања и потреби Тиго Фајнанс постојано ја проширува својата продажна мрежа. За таа цел, отвори две нови филијали, овој пат во Кавадарци и Радовиш.
Во Кавадарци новата филијала е лоцирана на ул. Илинденска бр.92, додека во Радовиш услугите на Тиго Фајнанс отсега на жителите на градот и околината ќе бидат достапни на продажното место лоцирано на ул. 22 Октомври бр. 83.
Со новите продажни места бројот на филијали на Тиго се искачи на 20, лоцирани во 14 градови ширум земјата, а проширувањето на продажната мрежа ќе продолжи и во иднина.
Со отворањето на новите две филијали, жителите на Кавадарци и Радовиш добиваат нова физичка точка за непосреден контакт со услугите на Тиго согласно нивните потреби и навики, што ќе им овозможи полесно да го направат вистинскиот избор за задоволување на нивните финансиски потреби тогаш кога тоа им е најпотребно.
Инаку, до услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат да пристапат и онлајн на www.tigo.mk. Аплицирањето е брзо и едноставно, oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првото аплицирање е бесплатно, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% камата.
Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.
Повеќе информации за Тиго се достапни на веб страницата www.tigo.mk