Centar.mk
НАУКА

Индија во нов обид за лансирање своја мисија на Месечината

Индија е подготвена за повторно лансирање на својата втора мисија на Месечината, една недела откако беше прекината поради технички проблеми.

Чандрајан-2 ќе биде лансиран денеска во 14:43 по локално време (09:13 GMT), јави вселенската агенција Изоро.

Како што се наведува, вселенското летало е подготвено “да земе милијарди соништа на Месечината и сега е посилно од кога било досега”.

Вселенската агенција се надева дека мисијата вредна 150 милиони американски долари, ќе биде прва што ќе слета на јужниот пол на Месечината.

Одбројувањето на 15-ти јули беше прекинато 56 минути пред да започне откако “техничка пречка беше забележана во системот за лансирање”. Индиските медиуми објавија дека причина за техничкиот проблем било истекувањето од шише со хелиум гас во криогенскиот мотор на ракетата.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената

C +

„Глечерот на судниот ден“ се топи побргу од очекуваното, со ѕид ќе се одвојува од топлите океански води

C +

(Видео) Луѓето се враќаат на Месечината за прв пат по 50 години

ДЕСК