Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија го потресе Скопје: Едно лице загина, три се повредени

Едно лице загина, а три се потешко во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата викендот санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници.

Од сообраќај се исклучени 242 возачи поради поголема брзина од дозволената и 39 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 151 казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 97 возила.

Казнети се 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 14 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум за неправилно престројување, 10 за неправилно престигнување, девет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 25 за користење на мобилен телефон за време на управување на мототрно возило.

Можеби ќе ве интересира

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ И ДОЖД – Еве какво време нè очекува денеска, 3 ноември

ДЕСК

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК