Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од свадба гостите во болница: Труење во Струга

Гости кои синоќа биле на свадба во еден ресторан во струшко побарале лекарска помош. Причината, неофицијално, била торта која била купена па донесена на свадбата, пренесува Алсат.

Биле примени околу 10 пациенти, а не се задржани во болница, туку се потоа пуштени на домашно лекување.

– „Нема задржани пациенти во нашите одделенија.Ниту еден од примените пациенти не се хоспитализирани, бидејки не биле во тешка состојба и по лекарската интервенција се пуштени дома“, вели директорот на болницата Мухамет Асани-за Алсат.

Од регионалниот центар за јавно здравје од Охрид за Алсат рекоа дека доколку тие како институција ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство, тогаш ќе земат примероци од храната.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК