Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Излетале неколку вагони од товарен воз кај Куманово, повредени нема

Неколку вагони од товарен воз излетале кај Куманово, за среќа повредeни нема. Како што информира полицијата, синоќа во 1:50 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај селото Черкези, неколку вагони излетале до пругата. Товарниот воз сообраќал на релација железничка станица Табановце – железничка станица Трубарево.

Повредени лица нема и била причинета само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК