Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со пет куршуми ранет македонски државјанин во Базел

29-годишно лице повреден е синоќа околу 23 часот во швајцарскиот град Базел. Подоцна е утврдено дека станува збор за македонски државјанин, но не е познат мотивот на пукањето, јавува порталот 20min .ch, а пренесе ТВ21

Тој се наоѓа во болница и е во животна опасност, и веднаш над него биле направени неколку хируршки интервенции.

Според очевидци на улицата „Хамерштрасе“, претходела расправија со друго лице, по што едното извадило пиштол и испукало пет куршуми во нозете на ранетото лице кое веднаш било пренесно во болница.

Полицијата ги истражува мотивите за пукањето, и трага по сторителот на делото. Жителите од улицата потенцираат дека ова не е прв пат да се пука на ова место, и бараат засилено полициско обезбедување.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК