18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Вистината за пивскиот стомак

Пивопијците ширум светот имаат тенденција да развиваат не баш така слатки и привлечни пивски стомаци.

Честиот проблем меѓу младите и старите, пивскиот стомак се создава благодарение на седечкиот начин на живот, што е спортивно од досегашното верување дека е поврзан со пивото.

Добрата вест е што можете да се ослободите од пивскиот стомак.

Знаете ли зошто? Еве ја вистината за таложењето на маснотиите и создавањето на пивскиот стомак:

Што го прeдизвикува опуштениот пивски стомак?

Пивскиот стомак е предизвикан од претераното внесување на калории и намаленото трошење на истите поради седечкиот начин на живот. Внесувањето на премногу калории (прејадување или пиење на калорични напитоци) и седечкиот начин на живот се главни причини за ваков вид на дебелеење, велат нутриционистите. Тој исто така, може да се развие и поради кашинг синдромот (здравствена состојба која произлегува од долгогодишен контакт на ткивото во телото со високото ниво на хормонот кортизол), а исто така и некои лекови можат да бидат причина за надуениот пивски стомак.

Дали луѓето со пивски стомак треба да ги сметаме за дебели?

Луѓето со пивски стомак дефинитивно не се здрави. Насобирањето на висцералните масти (маст која се наоѓа длабоко во внатрешноста на абдоменот и ги опкружува виталните органи) доведува до лачење на цитокин кој предизвикува воспалување и хронични болести. Наспроти ова, луѓето со пивски стомак се сметаат за дебели само ако нивниот индекс на телесна маса е повеќе од 24,9 kg / m. Луѓето со наталожени абдоменални масти се сметаат за дебели ако обемот на половината им е поголем од 102 см кај мажите и повеќе од 88 см кај жените.

Која е најдобрата превенција и начини за лечење на пивскиот стомак?

Превенцијата и лечењето на пивскиот стомак вклучува:

– Губење на тежината

– Намалување на стресот со медитација и вежби за дишење

– Конзумирање на многу вода за да се исфрлат солите од ткивото и да се добие чувство на леснотија, а не надуеност.

– Правилна исхрана која вклучува антиинфламаторни намирници како што се зоб, пченични житарици, интегрален ориз, зелен зеленчук, овошје, зелен чај, ореви, риба и избегнување на храна како што се рафинирани житарици, слатки работи, пржена храна.

– Отстранување на поткожните масти со липосукција, но не и висцералните масти, затоа што тие се премногу близу до внатрешните органи, па таквата липосукција би била небезбедна.

За превенција и лечење на дебелината, луѓето треба да практикуваат здрава и избалансирана исхрана со редовно вежбање. Никако не смеете да се предадете.

Хранете се здраво и урамнотежено со три главни оброци и две ужини збогатени со влакна.

Само 30 минути вежбање секој ден е доволно за да бидете во форма и без пивски стомак.

Спонзорирано: