11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тројца потпретседатели на Светската банка доаѓаат на конституенцата во Скопје

Три потпретседатели на групацијата на Светската банка ќе присуствуваат на конституенцата на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ќе се одржи на 21 и 22 јуни во Скопје. Станува збор за потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, потпретседателот за човечки развој на Светската банка, Анет Дискон, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Георгина Бејкер.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека не е вообичаено толку многу високи претставници на Светска банката да присуствуваат на конституенца и дека тоа е потврда за прогресот на реформите во јавните финансии, како и на добрата соработка на Владата со Светската банка.

Освен тројцата потпретседатели на Светската банка, ќе присуствува и директорот на ММФ за Европа, Пол Томпсен. На состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Групацијата на Светската банка и ММФ ќе присуствуваат и министри за финансии и гувернери на централни банки од земјите од конституенцата од Холандија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Украина, Хрватска и од Црна Гора.

Организатори на конституенцата се Министерството за финансии и Народната банка. Средбите претставуваат своевиден форум на кој високите претставници на носителите на фискалната и монетарната политика во земјите членки разменуваат мислења за политиките и програмите на ММФ и СБ, како и за други клучни прашања за европската и светската економија.

Спонзорирано: