Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бегалец од затвор извршил 12 кражби во Охрид

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.А.(29) од Охрид поради извршени 12 тешки кражби.

Како што информира полицијата,тој кражбите ги извршил во текот на оваа година на повеќе локации во Охрид. Тој од станови и од куќи одземал пари, накит, бела техника и други вредни предмети, при што се стекнал со противправна имотна корист од 392.500 денари.

С.А. бил баран и поради бегство од затвор и по приведувањето бил вратен во Казнено поправната установа затвор Струга за издржување на затворска казна.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК