Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јаулески до власта: До каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“?

Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови, директорот на Државниот студентски центар – Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови, обвини Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом ‘Гоце Делчев’ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго. Две години пристапите кон студенткиот дом ‘Гоце Делчев’ се калливи и полни со ѓубре, студентите не знаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла. Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом ‘Кузман Јосифовски-Питу’ топлата вода за туширање се исклучува по 20 часот, што е период во кој студентите се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата. Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки“, рече тој.

Тој ја прашува власта до каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читалници, ресторани и фитнес-центри.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +