Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Комбе удри во 83-годишна жена во Кичево

Осумдесет и тригодишна жена од Кичево е тешко повредена откако вчера во неа удрило комбе „фиат добло“ на улицата Маршал Тито во Кичево. Комбето го возел З.П.(55) од Скопје.

Жената со тешки телесни повреди била итно пренесена во Медицинскиот центар Кичево, по што била препратена во специјална болница за ортопедија „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈЧЕ НАПАДНАТО СО ТВРД ПРЕДМЕТ ВО СОПСТВЕНИОТ ДОМ – Мајката го пријавила чичкото

ДЕСК

ЗАКАНИ НА РАБОТНО МЕСТО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – 40-годишник пријавил инцидент

ДЕСК

МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ НАПАДНАТО СО ТВРД ПРЕДМЕТ – Таткото пријавил дека напаѓач бил очувот

ДЕСК