Centar.mk
КУЈНА

ДРЕВЕН ИНДИСКИ РЕЦЕПТ: „Lassi“ напивката штити од цревни инфекции и го лади телото

Основната состојка на оваа напивка е јогуртот, одличен извор на корисни бактерии кои можат да не заштитат од бројни летни инфекции. Покрај тоа, оваа напивка го освежува и го лади телото.

Со редовна консумација на јогурт ја подобрувате рамнотежата на цревната микрофлора. Затоа најдобро е да го пиете после јадење или доцна попладне. Ако се прашувате што е разликата помеѓу „lassi“ напивката и јогуртот, одговорот лежи во лесното варење. Јогуртот е мастен, додека оваа напивка е лесна.

Како да направите „lassi“:

Со жица за матење мешајте свеж и ладен јогурт додека не стане кремаст. Додајте исто толку вода или вода измешана со малку млеко. Ставете малку мед за засладување.

Како би ја зголемиле хранливата вредност, можете да додадете и прстофат шафран или кардамом.

Овој пијалак е многу добар за ладење на телото, богат е со витамини, особено со витамин Б12.

За солена верзија можете наместо мед да ставите прстофат сол, во комбинација со зачини како мелен ѓумбир, кумин, коријандер.

Можеби ќе ве интересира

Тајна за совршено крцкави компири: едноставен трик што го користат професионалци

ДЕСК

Колку време варениот грав е безбеден за јадење?

ДЕСК

Сода бикарбона – едноставен сојузник за здрава градина и свежи плодови

ДЕСК