Centar.mk
БИЗНИС

Нови цени на горивата во Северна Македонија

Со новата практика за утврдување на највисоки цени на нафтените деривати во земјава, секој понеделник се обновува ценовникот за енергенси.

Денеска напладне, РКЕ треба да ги соопшти новите цени на бензинот и дизелот кои ќе важат во следните седум дена.

Со новата методологија, цените на горивата веќе два пати се намалени, а моменталната цена на бензинот е 69,50 денари за еуросупер 95, додека еуросупер 98 се продава по 72 денари за литро.

Дизелот се продава по цена од 62,50 денари за литро.

Овие цени ќе важат до полноќ, а новите ќе ги дознаеме денес напладне.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ РАСТАТ ПОРАДИ ОЧЕКУВАЊАТА ОД АИ – Технолошките компании повторно во фокусот на инвеститорите

ДЕСК

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

ДЕСК

Министерство за енергетика: Напредува гасоводот со Грција, се подготвува интерконекторот со Србија и се работи на оспособување на домашната мрежа

ДЕСК