23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не испорача резултати, неговото ветување за влез во ЕУ полека бледнее

Европската перспектива на Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетот на образованието е опаднат, а со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта.

„Буквално земјата тоне. Наместо реформи имаме криминал и корупција. Единственото ветување на кое се држеше Заев – влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека во ЕУ не се оди со криминал, туку со реформи, кои, како што се вели, Заев не успеал да ги испорача.

„Зоран Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат дека оваа партија ќе победи на следните избори и ќе ги донесе промените во Македонија.