9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

СВАДБЕНА ОСВЕТА: Невестата мислела дека младоженецот ја изневерува, па го оставила со сватовите и избегала со парите

Весело друштво се собрало на аеродром пред лет за Ибица, каде во еден хотел требало да се одржи свадба во траење од четири дена. Меѓутоа, откриле дека невестата, која на себе ја презела грижата за организација, не резервирала карти за авион, ниту сместување за гостите, иако сите и дале пари.

Младоженецот (27) и неговите 29 пријатели доживеале непријатна ситуација, кога на аеродромот откриле дека идната невеста ги измамила и побегнала со 13.000 фунти (14.000 евра) наменети за свадбената прослава.

Се чини дека невестата тоа го направила како би се осветила на младоженецот бидејќи мислела дека ја изневерува.

Невестата дури и му испечатила лажни карти на гостите.

Сепак, за да не пропадне веселбата се погрижиле новинарите, кои на младоженецот и екипата им понудиле да им платат нов пат на Ибица.

Спонзорирано: