Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Прашање е дали Мицкоски размислува за оставка

Прашање е дали Мицкоски веќе размислува за оставка, реагира владејачкиот СДСМ кога претходно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, побара од премиерот Зоран Заев да поднесе оставка обвинувајќи го дека вината за своите неуспеси ја префрла врз меѓународните партнери.

„Прашањето е дали Христијан (Хидро) Мицкоски размислува за оставка? Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загуби на претседателските избори, загуби и на локалните избори во Охрид и Ново Село“, наведе СДСМ во реакцијата.

Во продолжение, од владејачката партија коментираат дека извештајот на Европската комисија за напредокот на реформите е најпозитивен досега, а земјава се посочува како светол пример во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

ДЕСК

Комората на РСМ за приватно обезбедување организира полагање на стручен испит

ДЕСК