Centar.mk
БИЗНИС

Отворени портите за вработување во Швајцарија и за Македонците со бугарски пасош

Од 1 јуни за Бугарите и Романците се укинуваат ограничувањата за работа во Швајцарија.Тие веќе ги имаат истите права како и останатите граѓани на Европската унија – освен граѓаните на Хрватска, пренесуваат бугарските медиуми.

Швајцарија не е членка на ЕУ, но со Унијата е блиско поврзана низ билатерални договори, кои и овозможуваат да учествува во единствениот пазар на ЕУ.

Тоа стана возможно откако Швајцарскиот сојузен совет (владата на Швајцарската конфедерација) на 15 мај ја усвои одлука со која се укинуваат квотите за бугарските и романските граѓани. Со таа одлука е изменета и службената Регулација на примената на договорот помеѓу ЕУ и Швајцарија за слободно движење на лицата.

Швајцарија, како и некои други членки на ЕУ, воведе транзициски период по прашање на слободата за движење на граѓаните на новите членки на Унијата.Максималното траење на транзицискиот период е 10 години, а договорот помеѓу Швајцарија и ЕУ почна на 1 јуни 2009 година и заврши на 31 мај годинава.

Можеби ќе ве интересира

Зошто ЕСМ се жали ако направиле профит од 40 милиони евра и заштеда од 880 милиони евра?

ДЕСК

Документ што сите го забораваат пред одмор: Една проверка може да ве врати од граница

ДЕСК

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

ДЕСК