Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од Скопје до Солун и назад за 756 денари

Железници на РСМ Транспорт информираат дека од 15 јуни се воведува тарифска понуда City Star за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје.

Цената на возниот билет е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, велат од железникото претпријатие во објавата на нивниот сајт.

„Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари“, соопшти МЖ Транспорт.

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +