Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Продолжуваме напред, по евро-атлантскиот пат

Најпозитивниот извештај е признание за успехот на реформите на Владата предводена од СДСМ, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

„Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ.

Значајниот економски раст, зголемената минимална плата, имплементацијата и реформите во судството согласно меѓународните стандарди и практики, видливите резултати во борбата против корупцијата, реформата на безбедносните служби, транспарентноста во јавната администрација, слободата на говор и медиумите, се само дел од успесите кои се нотирани во најпозитивниот извештај на Европската комисија за нашата држава.

Извештајот на Европската комисија е доказ за успешноста на политиките и реформските процеси на Владата предводена од СДСМ кои носат подобар живот за сите граѓани.

Република Северна Македонија е блескав пример во регионот за носење храбри и државотворни одлуки поради кои државата бележи прогрес и интеграции.

Остануваме посветени да продолжиме напред, по евро-атлатнскиот пат. Ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси, градиме европска држава која негува концепт на фер општество што нуди подеднаква шанса за сите“, велат од СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК