Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Виница, едно лице итно пренесено во болница

На 29.05.2019 година околу 07.55 часот на крстосницата од улиците „Плачковички oдред“ и „Никола Карев“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од Т.А.(17) од Виница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ – Мицкоски ја затвори вратата за ново гласање

ДЕСК

ДРАМА ВО СКОПСКО ОРЕШАНИ – 32-годишна жена со тешки изгореници по обид да запали оган со бензин

ДЕСК

ПУКАЊЕ И СЕРИЈА ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Пет пријави од повеќе населби

ДЕСК