Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полициска акција во Тетово

На 29.05.2019 година на поширокото тетовско подрачје биле спроведени засилени сообраќајно-контролни активности, при што биле откриени 69 прекршоци.

28 од нив се однесувале на неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење во и надвор од населено место. Покрај ова, 10 возила биле непрописно паркирани и биле подигнати со специјално возило „пајак“, пет имале истечена регистрација, пет лица ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола и друго.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК