Единаесет години државата и граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, додека ВМРО-ДПМНЕ се изживуваше со граѓаните а нивните пари ги трошеше на палми, жални врби, барок и споменици, порача СДСМ.
„11-те розеви години на ВМРО-ДПМНЕ се 11 мрачни години за граѓаните на нашата татковина. Заради справување со сиромаштијата што ја остави ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ ја зголемува социјалната помош за 300 отсто, за директна помош на 30.000 сиромашни семејства.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот и успешните реформи, па почна дури да се фали и со мерките на СДСМ. Мицкоски стана промотор на социјалните мерки како таа за намалување на ДДВ-то за парно од 18 на 5 проценти.
Дури и со розеви очила, Мицкоски не може да ја види визијата за нашата земја, затоа што е опиен од криминалот и валканите пари на белиот дворец во кој е седнат.