Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина адвокатот Игнат Панчевски

По кусо и тешко боледување, утрово почина познатиот адвокат Игнат Панчевски (69), објави порталот Независен. Тој беше една од најколоритните фигури во македонскиот адвокатски свет.

Изминатите години тврдеше дека поседува докази оти поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и оти воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во земјава. Во 2013 година, Панчевски беше застрелан со еден куршум во левата потколеница. Инцидентот се случи во Бутел.

Се обидуваше да ја расветли и измамата во ТАТ, а пресмета и дека над пет милијарди евра биле извлечени од Македонија преку криминал.

Посмртните останки ќе бидат изложени во вторник во капелата на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЖАР ВО ИЛИНДЕН РАНО УТРОВО – Огнот зафатил семејна куќа, интервенирале пожарникарите

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА КРУЖЕН ТЕК – 77-годишник со мопед „томос“ паднал на патот, пренесен во болница

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО БИТОЛА – Уапсен 20-годишник, еве што пронашле полицајците кај него

ДЕСК