Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се запалил автомобил на бензинска пумпа

На 23.05.2019 година околу 14,00 часот во Скопје на ул.„Климент Охридски“, на бензинска пумпа настанал пожар во патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ (60) од Скопје.

Имено, Г.Ѓ. го сопрела возилото на бензинската пумпа со цел да стави гориво, но откако повторно го стартувала возилото почнал да се шири чад од под хаубата, по што побарала помош од вработените на бензинската, кои веднаш почнале да го гасат пожарот со противпожарни апарати, а набргу дошла и екипа од Противпожарна заштита и во 15 часот пожарот е изгаснат.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК