Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Наместо лицемерно да зборува за одговорност, ВМРО-ДПМНЕ да ги повика пратениците кои се обвинети да поднесат оставка

– ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал, корупција и злоупотреби нема никаков кредибилитет да зборува за лична и морална одговорност.

Павле Богоевски покажа висока морална одговорност пред граѓаните, вредност што за ВМРО-ДПМНЕ е непозната.

Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини отвори едно значајно прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?

Наместо лицемерно да зборуваат за чест и морал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и да гласаат ЗА одземање на неговиот мандат а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +