Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Прва изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Во понеделник (27 Мај), во просториите на Музејот на град Скопје, ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн- современи движења и Резбарство.

Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност, младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер, да ѝ се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите, кои ги изработиле во текот на студирањето.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети. Свеченото отворање на изложбата ќе биде на 28 Мај со почеток во 19 часот. На отворањето, на гостите ќе им се обратат Деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Проф. Д-р Зоран Трпоски и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски. Изложбата ќе трае до 2 јуни.

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер е основан во 2010 година како следбеник на четиридецениската традиција на студиите од областа на дрвната индустрија, механичката технологија на дрвото и проектирање на мебел и ентериер, што до учебната 2009/10 година се организираа во рамките на студиските програми на Шумарскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер претставува единствена високообразовна и научно–истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер.

Можеби ќе ве интересира

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

ДЕСК

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК