Centar.mk
КУЛТУРА

Отворен 38. Мал битолски Монмартр

Триесет и осмото издание на Малиот битолски Монмартр беше отворено вчеравечер, а до 30 мај, во чест на своите патрони, студиото на Сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, ќе биде најголемото ателје на светот.

На меѓународниот конкурс „Битола 2019“, годинава пристигнаа 15.771 цртежи, од 337 училишта, од 35 земји од светот. Наградите на младите ликовни творци кои дојдоа во Битола, им ги додели градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која оваа година Малиот битолски Монмартр го поддржа со 200.000 денари.

„Малиот Битолски Монмартр е бренд на Битола. Тоа е нешто што репрезентативно ја претставувало Битола години наназад, тоа е манифестација на која доаѓаат многумина и тоа дечиња од различни страни на светот, го исполнуваат со топлина нашиот град и дефинитивно манифестација на која што не само оваа година, туку и следните години во многу подобра кондиција треба да дадеме поддршка на оваа манифестација, на ова величествено збиднување во нашиот град, за кое што исто така поддршка даваат и јавните претпријатија“, изјави Петровска.

Наградата „Гран при 2019“ – „Симпли арт“, им беше доделена на учесниците од Хонг Конг – Кина.

Можеби ќе ве интересира

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација

ДЕСК

Почина познатиот актер Кирил Поп Христов – Кили

ДЕСК