Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Државјанин на Албанија се обидел да прошверцува постелнини и козметички производи, ги носел во Шуто Оризари

Синоќа на местото викано „Жировничко Анче“, на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, полициски службеници запреле и извршиле преглед на патничко возило со албански регистарски ознаки, управувано од 28-годишен државјанин на Албанија (И.Ш.), во кое двајца сопатници од Албанија.

При преглед во возилото биле пронајдени повеќе пакувања козметички производи и постелнини, јави МВР.

Возачот бил лишен од слобода и во разговор со полициските службеници изјавил дека робата ја набавил во Тирана и ја носел во Шуто Оризари.

Пронајдените предмети биле одземени и заедно со лицето се предадени во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +