Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Честитка на Кирацовски за Националниот ден на Власите: Концептот едно општество води кон напредок и интеграција

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по повод Националниот ден на Власите – 23 Мај, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во која меѓудругото се вели:

„Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на Власите со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.

На овој ден ја одбележуваме посебноста на Власите како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историска посебност.
Во мултиетничка држава како нашата од особено значење е меѓусебното разбирање и почитување помеѓу различните етнички заедници кои воедно претставуваат огромно богатство од култура , обичаи и различности кои нè поврзуваат и нè прават посилни.

Наша цел е и понатаму да го унапредуваме концептот на едно општество за сите, бидејќи тоа ни дава сигурност кон патот на просперитет и интеграција на нашата татковина.

Честитајќи ви го денешниот празник, упатувам и искрена надеж за продолжување на заедничката мисија за градење на просперитетна, современа и демократска Република Северна Македонија и обезбедување на подобра иднина на сегашните и идни генерации“, стои во честитката на Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК